до невработени лица за вклучување во мерката

3.3 Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд

Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“, да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки.

  Масер за козметичка масажа – Скопје, Гевгелија

Обуката ќе се реализира во период од 2 (два) месеци, а по завршување на истата кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 (еден) месец. Доколку спроведувачите на обука се приватни компании (работодавачи), практичната работа во времетраење од 1 (еден) месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).

Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен бруто надомест во висина од 11.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука пропишан од Министерство за образование и наука.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.

Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати, кои ги исполнуваат условите наведени во Јавниот повик.

При селекција на пријавените кандидати предност за вклучување во обуките ќе имаат невработени лица кои претходно не биле вклучени во оваа мерка.

Вклучените евидентирани невработени лица кои се корисници на гарантирана минимална помош или користат право на парична помош од социјална заштита или паричен надоместок, за времетраење на обуката не го губат ова право.

Заинтересираните невработени лица може да го изразат својот интерес и/или да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, се до исполнување на предвидениот опфат.

Детални информации може да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт телефоните 02/3111-850 и 02/3122-397, веб страната www.av.gov.mk, како и на e-mail: info@av.gov.mk и kabinet@av.gov.mk.

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА

  РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Categories swam

en_USEN