Индивидуалните спортови како што е кик боксот се одлична активност за децата поради многубројните придобивки кои ги нудат овие спортови.

Иако постојат одредени предрасуди кај родителите кога зборуваме за кик боксот, доколку изберете клуб со професионални тренери кои ќе ги насочат децата, тие ќе добијат повеќе придобивки отколку во бавењето со било кој друг спорт.

Со учествувањето во овие тренинзи децата градат цврста самодоверба, самопочитување, а постои и систем на мотивација на учениците кои остваруваат добри резултати на училиште. На тренинзите ќе научат што значи да си постават цели и истрајно да вежбаат сѐ додека не ги исполнат.

Ова се петте главни причини поради кои вашето дете треба да тренира кик бокс:

1. Подобри резултати на училиште

Поголем дел од истражувањата нашле поврзаност помеѓу кик боксот и успехот на училиште поради ослободувањето на негативна енергија преку интензивните вежби.

2. Подобри социјални вештини

Помислете што сѐ може да се научи во текот на тренирањето кик бокс: почитување на правила, самоконтрола, социјалнизација со останатите во клубот, почитување на противникот и слично. Децата преку ваквиот тренинг се опуштаат и запознаваат пријатели кои остануваат во нивниот живот. Затоа и не е зачудувачки фактот што децата кои се активни во боречките спортови растат во вистински лидери и силни личности.

3. Превенција во употребата на алкохол и дрога

Децата кои тежнеат кон врвна форма и се подложни на антидопинг контроли сигурно нема да користат дрога и алкохол, додека тренерот ќе им постави правила на однесување кои ќе им служат како потсетник и зголемување на свесноста и штетата при резултатите и здравјето доколку дозволат некој од овие пороци да биде дел од нивниот живот.

4. Подобрување на самодовербата 

Децата кои се занимаваат со бокс и кик бокс со тек на време стекнуваат верба во себе и со позитивна поддршка и поттик од тренерот и околината, стекнуваат многу поголема самодоверба од оние кои не се бават со спорт. Истражувањата покажале дека децата кои се занимаваат со кик бокс се во предност пред другите.

5. Правила и правичност како и градење тимски дух

Нема подобро чувство од она да бидете дел од некој тим. Децата кои се бават со боречки вештини градат пријателства со другарите од тимот. Преку овие врски децата градат тимски дух, учат како на мирен начин да решат некој конфликт, како и дали ќе пружат поддршка и да ги охрабрат другите околу себе. Исто така, децата преку кик боксот учат да ги почитуваат правилата и да одговараат за последиците. Учат што е искреност, што е правилно, а што не е. Секогаш се заложуваат за правда и правичност.

Categories swam

en_USEN