Поттикнувањето на здрав живот и здрави навики кај граѓаните преку спортски активности и развивање на спортскиот дух во општина Гевгелија, со посебен акцент на младите како приоритет е особено значаен за иницирање активности за грижа за физичкото и менталното здравје на учениците. Современиот начин на живеење кој го овозможи напредната технологија наметна значително намалување на физичката активност кај целата популација а особено кај деца од училишна возраст, што се карактеризира со долг престој во училишта, седење и работа на училишните клупи и компјутери како и почесто користење на разновидни моторни превозни средства за вршење на секојдневните активности. Сето тоа придонесува за физичка пасивност кај детето што директно влијае врз ослабувањето на мускулно-коскениот систем, како и за појава за дебелина што претставуваат сигурен предуслов за појава на разни деформитети на рбетниот столб, стапалата и на другите делови од телото.
Целна група во проектот се младите од општината Гевгелија од 6 до 14 години. Во зависност од можностите на просторот, бројот на учесници може да биде поголем за најмногу 5%, бидејќи се нарушува квалитетот на наставата и можноста за одржување но и заради здравствени и безбедносни причини. Во групата на млади со посебни потреби се: млади со пречки во говор, со пречки во слухот и млади со пречки во раст. Активностите се дизајнирани така да можат да се следат психофизичките можности на учесниците.
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ |
Намалување на бројот на ученици со деформитети преку активностите (вежби и предавања) од проектот. Подигната свест кај учениците и родителите за причинителите на деформитети. Иницирање активности преку вмрежување на СВАМ, училиштата, здравствените институции. Донатор: Европска Комисија и Општина Гевгелија Буџет: 1,744,456 ден |