Спа и Велнес Асоцијацијата на Македонија (SWAM) е регионална организација, основано во 2020 година од сопственици на деловни активности и професионалци кои работат во Спа Велнес и Фитнес индустријата. Како Асоцијација подготвивме програми за професионална обука за вас, кој се верификувани од Светските институции - партнери. Со завршување ќе се здобиете со знаења и квалификации за вработување и самовработување во втората најбрзо растечка индустрија ,,Спа, Велнес и Фитнес ширум светот .Ние ги промовираме и заштитуваме добрите деловни практики, комуникација, мрежно поврзување и соработка меѓу членовите и со други организации за надградба на стандардите во индустријата.

Особено сме горди како пионири обезбедување на нашите членови директна врска помеѓу нашите членови и домашните / меѓународните работодавци во Спа Велнес и Фитнес индустрија со нашите програми за кариера.
SWAM ги застапува следниве професии:
1) Спа работници (масери, спа-терапевти, фитнес инструктори, спа рецепционери, козметичари, маникир и педикир, спа-управители и менаџери ); 2) Спа, велнес и фитнес бизниси; 3) Спа, велнес и фитнес консултанти, архитекти и дизајнери; 4) Спа, велнес и фитнес - производители на опрема и добавувачи на услуги; 5) Спа, велнес и фитнес обучувачи на возрасни; 6) Хотелиери и поврзани субјекти во угостителската индустрија и 7) Спа туристички агенти, туроператори и други во индустријата за патувања и туризам (како и сите сродни професии) кои организирано работат на општествено и стручно оспособување и усовршување на своето членство. Во асоцијацијата членуваат поединци кои имаат завршено соодветно стручно образование / обука во областа на убавина, спа, велнес и фитнес, како и регистрирани бизниси кои работат со убавина (вклучувајќи лице, тело и нокти), Спа салони, Салони за масажа, Студија за јога, Фитнес центри, како и професионалните даватели на услуги или деловни активности со интерес за Спа, Велнес и Фитнес индустријата кои не се директно вклучени во испораката на услуги за убавина, спа и велнес за потрошувачите.

Нашата мисија:

Мисијата на Асоцијацијата е унапредување на спа, велнес и фитнес индустријата преку обуки со продолжување на стручното образование и курсеви за професии со дополнително пос средно образование преку стручно обезбедување на едукативни и мрежни можности, развој на спа индустријата преку воведување стандарди во спа, велнес и фитнес дејностите, консултации и помагање во кариерата на членовите.

Нашата визија:
Да стане лидер и авторитативен глас во спа, велнес и фитнес индустрија.

01. Професионална обука

  • Идентификување на потребите за образование преку креирање на програми, ги пополнуваме празнините со професионална обука на возрасни за персонал во дејностите на субјектите членки на Асоцијацијата.
  • Настани, обуки, квалификации и обуки преку Интернет,
  • Изградбата и унапредувањето на довербата на спа, велнес и фитнес работниците
  • Едуцирање на спа-посетителите за придобивките од спа, велнес и фитнес искуствата, се врши преку јавната промоција на дејностите на членовите и Асоцијацијата воопшто.

02. Стандарди

  • Воспоставувње на стандарди во работата преку екипирање, обука и следење на квалитетот на производи, услуги, опрема и т.н.
  • Здружување со други асоцијации, организации и соодветни органи, размена на искуства и пракси, осигурувајќи се дека воспоставените стандардите се на меѓународно ниво,
  • Приоритетен пристап до информации за спа-индустријата за настани и случувања имаат сите членови на Асоцијацијата.

03. Развој на индустријата

  • Развојот на спа индустријата и зајакнувањето на професионализмот
  •  Припадноста на членство во асоцијацијата симоболизира придржување на етичкиот кодекс на Спа, велнес и фитнес работниците.
  • Создавање на јавна свест за Асоцијацијата SWAM пред пошироката јавност ги приближи бенефитите од ова индустрија кон потенцијалните потрошувачи со учество во дебати со релевантни тела како и со поврзани здруженија и компании,
  • Воспоставање и одржување глобална припадност и соработка со други организации на потрошувачи, организации за обука, трговски организации, владини и други организации кои ги поддржуваат и носат придобивките на Асоцијацијата и нејзините членови.
  • Партиципирање за отварање на диалог со останати асоциации

04. Професионална мрежа

  • Обезбедување мрежа за професионалци за убавина, спа и велнес во Македонија
  • Асоцијацијата наступва на конференции и деловни зделки во земјата и странство.
  • Вмрежувањето се ажурира на веб-страница на асоцијацијата, што им овозможи на членовите и корисниците да се споделуваат информациите.
  • Платформата за потрошувачите ќе биде истакната на веб страната за да ги искажат поплаките и дополнувањата во форма да форум и едноставни пораки.
  • Создавање на партнерства со други компании заради обезбедување на можности за мрежно поврзување за членовите

05. Консалтинг

  • Обезбедување консултации на своите членови за развивање во кариерата,
  • Помагање при отворање на сопствен бизнис и поврзување со релевантните компании.

06. Кариера

  • SWAM е отворен за сите компании кои сакаат да соработуваат и имаат потреба од стручен персонал за своите бизниси (Терапевти, спа-терапевти, супервизори, фитнес инструктори,...)
  • Помагање на членовите за поврзување професионално со врвни компании - домашни и странски.
  • Следење на професионалниот напредок на членовите и подршка во кариерата.

mk_MKMK