БИДЕТЕ ПРИЗНАЕНИ БИДЕТЕ ОФИЦИЈАЛНИ!
ДРЖАВНО ПРИЗНАТ СЕРТИФИКАТ ВАЛИДЕН ЗА ЦЕЛ СВЕТ
Верификивана програма ,,Центар за образование на возрасни" Бр.10 - 69/20
Дали сте заинтересирани да студирате по што ќе можете брзо и лесно да се вработите или самовработите во второ најбрзо растечката индустрија . Запишете се во Програмата за стручно оспособување SWAM,
Програма:
- Анатомија
- Физиологија
- Вежби за мускулни групи
- Видови на фитнес опреми
- Истегнување
- Програми
- Фитнес концепти
- Издржливост
- Билдање на мускулатура
- Фитнес нутриционизам
- Режими на диета
- Суплементи
- Опрема
Програмата за обука на фитнес инструктор може да ја преземете
Датумите на обука се утврдени за секој ученик поединечно според вашето слободно време! Нов курс започнува секоја недела. Курсот се одржува секој ден со минимум 3 часови дневно, или по договор со обучувачот. Програмата е по Европските стандарди на стручна квалификација EQ Ниво 3, и е екомбинирана. Теоретскиот дел се изведува на софистициран онлаин начин и можете да учите кога сакате, кога можете во секое време.Теоретскиот дел се изведува со лиценцирани предавачи кој се ваш ментор во учењето.
ТЕОРЕТСКА ОБУКА
Теоретската обука се спроведува целосно на Интернет, што им олеснува на учениците, бидејќи не е потребно присуство на лице место.
ТЕОРЕТСКИ ИСПИТ
После теоретско обучување ученикот полага и теоретсо совладување на материјалот.
Цената за теоретски испит изнесува 800 ден,
ПРАКТИЧНА ОБУКА
Практичната обука се спроведува во групи од најмногу 2 лица, за поефикасна обука. Истиот е испорачан од квалификувани и високо-искусни наставници и тренери во фитнес индустријата во Македонија.
За време на обуката, учениците треба да спроведат тренинг кој се состои од 30 тренинг сесии во фитнес клуб..
Обуката се одржува во фитнес клубовите каде учениците имаат слободен пристап за периодот на курсот.
ПРАКТИЧЕН ТЕСТ
По завршување на практичната обука, ученикот треба да положи и практичен тест, кој се изведува на местото на обуката.
Ученикот кој не положил, има право да се пријави после најмалку 2 недели од последното полагање, според слободните термини на СВАМ.
Цената за практичен испит изнесува 800 ден
УСПЕШНО ЗАВРШЕНИ
Обуката се смета за завршена по завршување на теоретскиот и практичниот испит успешно.
Времетраење: 210 часа
ЦЕНА
Цената на обуката вклучува:
- Пристап до платформата за учење
- Практичен и теоретски тренинг со верификувани предавачи
- Слободен влез во фитнес центарот за време на обуката
- Европски сертификат
- Државно верификуван сертификат
- Цена 31000 ден по лице * сите права за цената и промената на цената се во надлежност на свам
Услови на влез: Наполнети 18 години,Завршено најмалку три годишно средно образование
Лиценциран предавач
ПРИДРУЖИ СЕ
КАКО ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ!
Назад »
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
- Копија од завршено средно образование Диплома
- Копија од лична карта /личните инсформации служат само за административни работи. СВАМ гарантира за безбедноста на информациите
- Потпишан договор за обука
- Уплата за обука
НАЧИН НА УЧЕЊЕ: Хибриден - комбиниран систем од он - лаин и теорија во реални услови со искусни обучувачи.
Запишување: во секое време со пополнување на пријавата за обука подолу: Пополнете го формуларот ние ќе ве контактираме