Александар Мендов од Гевгелија е претседател на Македонската Асоцијацијата за спа, велнес и физиотерапија и докажан стручњак во својата област

март 31, 2026

in ИНТЕРВЈУ

Гевгеличанецот Александар Мендов судија на меѓународен натпревар за Спа и Велнес и Физиотерапија во Сараево

0

Април 24-25 во Сараево се одржува престижен меѓународен натпревар за спа, велнес и физиотерапија, каде Македонија има свое силно претставување.Овој настан е под покровителство од Светската федерација за масажа (World Massage Federation) и Здружението на физиотерапевти, фризери и козметичари „СИНЕРГИЈА“.

Националната Спа и Велнес Асоцијација на Македонија (СВАМ) учествува со двајца свои натпреварувачи Митко Иванов и Васил Бабулов кои ќе ги одмерат силите со колеги од целиот регион. Посебна чест за Гевгелија е што нашиот сограѓанин Александар Мендов, како претседател на асоцијацијата и докажан стручњак во својата област, е назначен за официјален судија на овој натпревар.

Ова е уште едно големо признание за квалитетот на македонската физиотерапија и велнес секторот на меѓународната сцена.

Гевгелија е позната по своите спа и велнес услуги со физиотерапија, па не случајно и првиот човек на Македонската Спа и Велнес Асоцијација е од Гевгелија, Александар Мендов. Честа да биде судија на меѓународниот натпревар во Сараево е повод да поразговараме со него и да дознаеме нешто повеќе за овој успешен млад гевгеличанец и неговата професија.

GevgelijaNet: Колку време се занимавате професионално со оваа дејност?

Александар Мендов: – „Професионално со оваа дејност се занимавам веќе 17 години. Мојата посветеност на физиотерапијата, спа и велнесот започна уште во студентските денови и со текот на годините се надградував низ многубројни меѓународни едукации“.

GevgelijaNet: Каде се стекнавте со стручни познавања од оваа област?

Александар Мендов: – „Дипломирав на Медицинскиот факултет во Софија, на катедрата за кинезиотерапија. Специјализирав за спортски повреди и остеопатија на престижниот универзитет „Queen Mary” во Лондон. Во делот на спа и велнес индустријата, се стекнав со меѓународниот сертификат од CIDESCO во Канада — највисокиот светски стандард во оваа област. Автор сум и на книгата „The Best Spa Promotional Ideas” која денес служи како водич за многу професионалци во оваа дејност“.

GevgelijaNet: Каде и во кој центар ја изведувате Вашата професионална дејност?

Александар Мендов: – „Веќе 6 години сум стручен и верификуван обучувач од МОН во рамките на СВАМ (Спа и Велнес Асоцијација на Македонија) – Гевгелија сместена во Пионерски дом Гевгелија, и Струмица каде што ги водам сите стручни обуки за нови кадри. Паралелно со ова, работам како Регионален Спа и Велнес Менаџер во Грција за луксузни спа ресорти, што ми овозможува директен увид во највисоките меѓународни стандарди, каде искуствата директно ги пренесувам на студентите.

GevgelijaNet: Во Сараево, на меѓународниот натпревар Македонија ќе ја претставуват двајца натпреварувачи од оваа сфера. Од каде се македонските натпреварувачи кои ќе ги бранат боите на Македонија со знаењата од областа на велнес услугите и физиотерапијата?

Александар Мендов: – „Учесниците кои ја претставуваат Македонија преку нашата асоцијација на овој натпревар доаѓаат од Струмица, градови каде СВАМ веќе има активен центар за обука и тренинг. Наша цел како асоцијација е да ги поддржиме талентите од сите градови и да им овозможиме меѓународна сцена.

GevgelijaNet: Дали ова Ви е прво судијско искуство?

Александар Мендов: – „Не е прво. Како претставидел од С.Македонија, досега сум бил судија на повеќе меѓународни натпревари, вклучувајќи ги оние во Атина 2022, Истанбул 2025 и други регионални натпревари под покровителство на World Massage Federation. “

GevgelijaNet: Што се вреднува во натпреварот?

Александар Мендов: – „Се оценува техничката изведба, ергономијата на терапевтот, професионалниот однос, хигиената, перформанс, познавање и целокупниот пристап кон клиентот. Натпреварувачите треба да покажат спој на медицинско знаење и врвна велнес услуга“.

GevgelijaNet: Додека ги чекаме резултатите од Светскиот натпревар како можеме да го задоволиме интересот на нашата читателска публика доколку пројават интерес да се запознаат лично со Вашата дејност, како клиенти, или ваши студенти?

Александар Мендов: – „За сите заинтересирани сограѓани кои сакаат професионално да навлезат во оваа дејност, СВАМ редовно организира верификувани обуки. Сите информации за пријавување и нови термини можат да се најдат на нашите социјални мрежи, или преку директен контакт со асоцијацијата“.

GevgelijaNet: Многу среќа и успех на Меѓународниот натпревар за спа, велнес и физиотерапија во Босна и Херцеговина, пресудувајте мудро и праведно. На мекедонските натпреварувачи им посакуваме успешен настап. Вам Ви благодариме за разговорот.

„Оригиналниот текст можете да го прочитате на GevgelijaN https://gevgelijanet.comET.com“.

Категории swam

mk_MKMK