Проектот е со цел намалувањње на невработеноста кај младите луѓе преку стекнување на вештини потребни на пазарот. Беа доделени две стипендии за Спа терапевти од страна на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. Беше спроведен јавен конкурс на кој младите можеа да аплицираат.
Oпштина Гевгелија, врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, објави конкурс за доделување стипендии за 4 ученика кои ќе се здобијат со стручни квалификации во програмите на СВАМ. Со стипендиите на учениците им се овозможува бесплатно стручно оквалификување за масер за козметичка, велнес и спа-масажа и спа-терапевт, кое го обезбедува Спа и Велнес Асоцијацијата од Гевгелија. Со ваквата соработка Општина Гевгелија го поттикнува стручното оквалификување на одредени профили на стручни кадри, кои во моментот се барани на пазарот.
Право на аплицирање имаа сите заинтересирани кандидати на годишна возраст од 18 до 27 години, да се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување- ПЕ Гевгелија, со четиригодишно средно образование за програмата масер, а завршено средно стручно образование (физиотерапеврски техничар, козметичар) или минимум четиригодишно средно образование со завршена обука од најмалку 150 часа за програмата спа-терапевти.
Избраните кандидати беа објавени до крајот на месец октомври, на веб-страната на Општина Гевгелија. Избраните кандидати кои добија стипендија, посетуваа организирани обуки од програмата на СВАМ во ноември и декември, 2020 година, во просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија.По завршување на обуката на кандидатите им се овозможи и практична работа за на крај се здобија со вработување