Целта на проектот е да се подобри патолошката состојба (лошо држење на телото, слаб развој, лоша исхрана, деформитет на ‘рбетниот столб и градниот кош и деформитет на стапалото) на учениците од основното образование од двата пола со цел да се подобри квалитетот на нивниот живот и здравје. Проблем е неуспехот на Центарот за јавно здравје, Министерството за образование и родителите на младите да ги отстранат или намалат констатираните деформитети кај основците.

Со реализацијата на овој проект најпрво се подигна свеста на наставниците и родителите за грижата за физичкото и менталното здравје на учениците а во тек е и реализација на Акционен план за реализација на задачи и активности за реализација на развојните цели. во 4 општински основни училишта со акцент за грижа за здравјето на учениците.

Конкретни цели на проектот се: 1. Подобрена патолошка состојба (лошо држење на телото, слаб развој, лоша исхрана, деформитет на ‘рбетниот столб и градниот кош и деформитет на стапалото) на учениците од основното образование од двата пола со цел да се подобри нивниот квалитет на живот и здравје и 2. Иницирање за спроведување активности од институциите за подобрување на здравјето на учениците.

Дел од активностите опфаќаат

Специјализирани вежби со физиотерапевти достапни и на You Tube https://www.youtube.com/@Proekt_A4HYSWAMhttps://www.youtube.com/@Proekt_A4HYSWAM

Медицински масажи

Вежби во базен

Активности во природа

Проектот е финансиран од: #regionalprogrammeonlocaldemocracyinthewesternbalkans , #delegationoftheeuropeanunionskopje#opstinagevgelija

Проектот го спроведува: #undpm

www.swam.mk#ReLOaDMK

Проектот го помага: ЈЗУ Општа Болница Гевгелија

Категории swam

mk_MKMK