Oпштина Гевгелија, врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со невладината Спа и Велнес Асоцијација на Македонија СВАМ, објави конкурс за доделување стипендии за 4 ученика кои ќе се здобијат со стручни квалификации во програмите на оваа организација. Со стипендиите на учениците им се овозможува бесплатно стручно оквалификување за масер за козметичка, велнес и спа-масажа и спа-терапевт, кое го обезбедува Спа и Велнес Асоцијацијата од Гевгелија. Со ваквата соработка Општина Гевгелија го поттикнува стручното оквалификување на одредени профили на стручни кадри, кои во моментот се барани на пазарот. Аплицирањето за стипендиите трае 8 работни дена, заклучно со 21 октомври, 2020 година, а документите се доставуваат во архивата на Општина Гевгелија или по пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр. 4, 1480, Гевгелија, со назнака „За јавен конкурс за доделување стипендии“. Потребна документација: Извод од матична книга на родени, свидетелство или диплома за завршено четиригодишно средно образование, потврда од Агенција за вработување дека лицето е невработено и барање за аплицирање по програмите со кратка биографија. Право на аплицирање имаат сите заинтересирани кандидати на годишна возраст од 18 до 27 години, да се евидентирани како невработени во Агенцијата за вработување- ПЕ Гевгелија, со четиригодишно средно образование за програмата масер, а завршено средно стручно образование (физиотерапеврски техничар, козметичар) или минимум четиригодишно средно образование со завршена обука од најмалку 150 часа за програмата спа-терапевти. Избраните кандидати ќе бидат објавени до крајот на месец октомври, на веб-страната на Општина Гевгелија. Избраните кандидати кои добиле стипендија, ќе посетуваат организирани обуки од програмата на СВАМ во ноември и декември, 2020 година, во просториите на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија.
Категории Корона-19 СОП

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MKMK