Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан 2

ReLOaD2

СИТЕ ЗА СПОРТ е проект на SWAM кој се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 финансирана од Европската унија (ЕУ) во партнертство со Општина Гевгелија а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Целта на проектот е подигање на свеста кај младите за спортување и поттикнување на младите за учество во спортски активности преку иницирање и реализирање посебни програми и проекти за создавање услови за спроведување спортски активности на спортистките и спортиските аматери, на учениците и на младината, со посебен акцент врз реализирање на спортските активности ученичките и учениците во средното училиште на подрачјето на општина Гевгелија.
Учесници во проектот се млади од 15 до 19 годишна возраст. Проектот ќе се спроведе со три чеиримесечни групи во текот на 2022 и 2023 година, во просториите на Пионерски
дом “Јосип Броз Тито”, Шаховскиот клуб “7ми Ноември” и на терен во природа (без никакви финансиски партиципации). Учесниците ќе изведуваат неколку различни спортски активности во фитнес, карате и ТаиБо, пешачење и планинарење, шах а ќе бидат презентирани и предавања за здрава исхрана.
Изведувачи на проектот се стручни спортски работници од спортски клубови од Гевгелија
како и стручни соработници на СВАМ.
Учесниците во проектот може да се пријават за учество преку:

  • e-mail: info@swam.mk , sitezasport@gmail.com ;
  • со порака на Viber +38970320232 или
  • лично во просториите на СВАМ во Пионерскиот дом “Јосип Броз Тито” на улица
    “7ми Ноември” бр.50А во Гевгелија.
    Првата група со активностите стратува во септември 2022 година.
    Ве очекуваме

Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2 е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Categories blog

en_USEN